Легендарниот Усеин Болт после фантастичната кариера во атлетиката, кој ја заврши во Август минатата година, се одлучи за влез во фудбалските води.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Фудбалот е голема љубов на Болт и не е тајна дека долго време сака да се занимава со најпопуларниот спорт, а додека чека некој да му понуди договор, на големо се подготвува за хуманитарниот натпревар Soccer AID.
Меѓу оние кои мислат дека Болт, и покрај големиот оптимизам, не може да успее во фудбалот е Чави Хернандез. Шпанецот верува дека брзината и физичките предиспозиции не се доволни за да ја заменат фудбалската интелигенција.
“Го сакам Болт, тој е одличен спортист, никој не може физички да му се спротистави. Кој трча побрзо од него? Никој. Но, не може да ја замени брзината со интелегенцијата за фудбалски вештини, тоа е невозможно”, рече Чави.
Да потсетиме, Болт долги години доминираше во спринтерските дисциплини и го собори сите рекорди кои можеа да се соборат.