Стратегот на Барселона, Чави Ернандез повторно жестоко ги критикуваше судиите и најголемиот ривал, Реал Мадрид.
Пред десетина дена Чави го коментираше пресвртот на Реал од 0:2 до 3:2 против најслабиот тим во лигата Алмерија. Тој натпревар беше одбележан со неколку спорни судиски одлуки.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
„Стојам на се што кажав по натпреварот со Алмерија. Ако кажам што мислам искрено ќе бидам казнет, меѓутоа целиот свет виде. Веќе кажав и по натпреварот со Гетафе дека се случуваат работи кои не се нормални.
Не можеме да влијаеме на таквите работи. Се сеќавам на пеналот во Гетафе, голто на Жоао против Гранада…не се зборува за таквите ситуации. Само во тие два случаи ќе имавме шест бода повеќе. Не се ова изговори туку факти, со вакви судиски одлуки тешко е да играте“, изјави Чави.
Барселона денеска од 18:30 часот ја очекува натпревар против Гетафе, додека Реал Мадрид викендов ќе се соочи со градскиот ривал Атлетико, а тој натпревар на програмата е утре.