Дома Фудбал Чави: Критиките од Марадона за Меси не се фер, тој и понатаму ќе напредува

Чави: Критиките од Марадона за Меси не се фер, тој и понатаму ќе напредува

0
xavi mesi

Поранешниот фудбалер на Барселона, Чави Ернандез е импресиониран од настапите на својот поранешен соиграч Лионел Меси.

Чави повеќе од десет години играше заедно со Меси во Барселона, верува дека се уште не сме го виделе најдобро издание.

„Меси и понатаму напредува, развива нови квалитети и покажува нови способности. Тој е друга планета, имаме среќа што го гледаме секоја недела во Барселона каде што игра веќе 14 години и се надеваме дека тоа ќе потрае“.

„Верувам дека ќе се врати во репрезентацијата на Аргентина, бидејќи го познавам и секогаш сака да се натпреварува и кога ќе има време да размисли сигурен сум дека ќе се врати“, изјави Чави.

Потоа Чави зборуваше и за критиките на Марадона упатени кон Меси.

„Критиките на Марадона не беа фер, фудбалот многу се промени во однос на неговото време“, истакна Чави.

Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Манчестер Јунајтед формира „комисија за трансфери“ од тројца бивши фудбалери

Манчестер Јунајтед формира „комисија за трансфери“ која ја сочинуваат тројца поранешни игр…