Дома Фудбал Чави: Никогаш нема да бидам проблем за Барселона

Чави: Никогаш нема да бидам проблем за Барселона

Барселона поминува низ криза на резултати, па поради медиумите често пишуваат дека позицијата на тренерот Чави Ернандез не е сигурна, но засега тој ја има поддршката од раководството.

Чави посебно е под голем притисок по поразот во финалето на Суперкуот на Шпанија од Реал Мадрид со 1:4.


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


„Ако не ја освоев Ла Лига минатата година, сега не би бил тука. Никогаш нема да бидам проблем за Барселона, кога ќе ми кажат дека сум проблем ќе си заминам“, изјави Чави.

Во овој момент Барселона е на четвртото место во Ла Лига, а денес ја очекува натпревар во осминафиналето на шпанскиот против Саламанка.

„Смирен сум, има три титули за кои се бориме оваа сезона“, изјави Чави мислејќи на првенството, купот и Лигата на шампионите.

Тренер на Барселона, Чави е од 2021 година, а неодамна го продолжи договорот до 2025 година.

„Мислам дека сум поблиску до успех, отколку до неуспех. Кога играчите ќе ја изгубат вербата во мене, ќе се спакувам и ќе си заминам“, заклучи Чави.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Готово: Партизан го избра новиот тренер!

ФК Партизан во понеделник изненадувачки остана без тренер. Саво Милошевиќ поради несогласу…