Дома Фудбал Чави го менува мислењето за Лук Де Јонг

Чави го менува мислењето за Лук Де Јонг

Лук Де Јонг не е тип на напаѓач каков што се навиканти да гледаат навивачите на Барселона.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Класичен шпиц каков што е Де Јонг не се гледало често на Камп Ноу во изминатите децении. И Чави не беше  воодушевен од него, затоа и го ангажираше Феран Торес.

Меѓутоа во последните натпревари изгледа дека работите се променија. Лук Де Јонг почна да прикажува добри настапи и станува корисен во тимот. На претходните три натпревари Де Јонг постигна три гола, беше стрелец и против Реал Мадрид во Суперкупот.

Не само што постигнува голови Де Јонг и влегува во шанси за постигнување голови. Дефинитивно неговите настапи се подобри од оние на пред некој месец.

„Мундо Депортиво“ пишува дека Чави е пријатно изненаден од формата со која игра напаѓачот и се надева дека ќе продолжи така до крајот на сезоната.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Бразилец се онесвести кога дозна дека оди на Светско првенство (Видео)

Неверојатни сцени доаѓаат од Бразил кои на најдобар начин покажуваат колку е значајна фудб…