Дома Фудбал Чави: Во мојот договор не постои никаква клазула поврзана со Барселона

Чави: Во мојот договор не постои никаква клазула поврзана со Барселона

Легендарниот Чави Хернандез дефинитивно во наредниот период нема да се врати во Барселона затоа што потпиша нов договор со Ал-Сад.

Ал-Сад Чави го води од 2019 година и констатно во медиумите се поврзува со враќање во Барселона, но сега е јасно дека тоа нема да се случи. Новиот договор на Чави со Ал-Сад има важност од две години.

Чави истакна дека е среќен за продолжувањето на соработката.

„Заедно постигнавме многу работи. Горд сум на се што направив тука. Оваа поддршка е најдоброто нешто што еден тренер може да ја добие“.

Очекувано од новинарите доби и прашање за Барселона.

„Во мојот договор не постои никаква клазула поврзана со Барселона. Договорот со Ал-Сад го почитувам како што ги почитувам и официјалните преговори на сите страни“, изјави Чави.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

„Емирати“ веќе не плаши: Арсенал без домашна победа, а притисокот расте

Фудбалерките на Арсенал се шести и 12 бода зад врвот, а по четири домашни меча сè уште чек…