Дома Фудбал Чави веќе започна преговори со Барселона

Чави веќе започна преговори со Барселона

Каталонски „Спорт“ ексклузивно пренесува дека Барселона започнала преговори со Чави Ернандес за да седне на кормилото на крајот на сезоната.

Спортскиот директор Матео Алемани веќе имал неколку разговори со легендата на клубот, кој денес пристигна во Барселона на одмор.

„Спорт“ пренесува дека фактот што Чави пристигнал во Барселона само ќе ги забрза преговорите со неговиот поранешен клуб.

Според каталонското радио РАЦ1, челниците на Барселона се одлучни во намерата да му дадат отказ на Куман по завршување на сезоната иако Холанѓанецот има уште една година од договор.

Прв избор на Лапорта е токму легендата на клубот, Чави кој пак неодамна го продолжи договорот со Ал Сад до 2023 година.

Лапорта е близок со Чави и верува дека ќе може да го убеди да седне на кормилото на каталонскиот гигант и дека ќе му даде одврзани раце при трансферите.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

„Историски момент беше денес да се гледа Македонија, срцето ми е полно за Пандев“

Марио Ѓуровски како што најавивме е дел од нашиот експертски кој ги коментира натпреварите…