Дома Фудбал Чави експресно добил нова понуда: Можел да стане селектор

Чави експресно добил нова понуда: Можел да стане селектор

Чави денеска и официјално доби отказ во Барселона.

Шпанскиот стратег ќе ја напушти Барселона поради несогласувања со Лапорта и изјавата која ја даде по натпреварот Алмерија во која зборуваше за финансиската ситуација во клубот.

Според последните информации Чави и експресно добил понуда за да ја продолжи кариерата и тоа како селектор.

Во своето денешно издание „Мундо Депортиво“ пренесува дека Чави добил понуда да стане селектор на репрезентацијата на Јужна Кореја. Оваа репрезентација неодаман остана без селектор откако отказ доби германската легенда Јирген Клинсман.

Меѓутоа Чави сепак ја одбил понудата објаснувајќи дека сака да одмори во текот на летото и потоа да се посвети само на клупскиот фудбал.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Шампионски спомен за Алими: македонскиот дрес на патиките од Далиан

Исник Алими ја прославува титулата во Кина со посебен подарок, на кој место добија и макед…