Дома Фудбал Чаби Алонсо пред тешка одлука, Баерн или Ливерпул?

Чаби Алонсо пред тешка одлука, Баерн или Ливерпул?

Чаби Алонсо на крајот од сезоната си оди од Баер Леверкузен, а за неговиот потпис се борат Ливерпул и Баерн Минхен.

Алонсо прави „чуда“ со Баер Леверкузен каде е лидер на табелата и оваа сезона се бори за титулата во Бундес лигата.

„Фармацевтите“ се свесни дека нема да можат да го задржат долго, а Ливерпул веќе стапил во контакт со германскиот клуб.

Баерн Минхен исто така врши притисок и сака да го доведе на „Алијанц Арена“, па двата клуба ќе водат голема битка за неговиот потпис.

Јасно е дека Шпанецот сака да направи чекор напред во кариерата, но се уште не донел одлука каде да ја продолжи кариерата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Србија без Влаховиќ, Пауновиќ ја откри причината за отсуството

Душан Влаховиќ побарал време за решавање приватна ситуација. Вељко Пауновиќ не откри детал…