Македонија ЃП ќе ја пречека ЦСКА Софија во Скопје на тренинг центарот на ФФМ, „Петар Милошевски“ следниот четврток.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Во ЦСКА Софија сметаат дека не е безбедно да се игра во Скопје, тие особено се жалат откако добија само 60 билети за нивните навивачи.
И покрај желбата на ЦСКА Софија, натпреварот да се игра на арената „Тоше Проески“ со капацитет од 32.000 луѓе, тимот од скопската населба Ѓорче Петров одлучил дуелот да се игра на тренинг центарот на ФФМ „Петар Милошевски“.
Бугарските медиуми дури пишуваа дека треба ЦСКА да се жали во УЕФА и мечот да се игра на неутрален терен. Меѓутоа, сигурно не би добиле позитивен одговор од европската централа.