Дома Фудбал Останато Црвена Звезда го продолжи договорот со Дејан Станковиќ

Црвена Звезда го продолжи договорот со Дејан Станковиќ

Постоеа најави дека Дејан Станковиќ би можел тренерската кариера да ја продолжи во италијанската Серија А, но денес стана јасно дека тоа нема да се случи.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Станковиќ го продолжи договорот со Црвена Звезда со 2024 година. Освоената титула во првенството, одличното издание во Европа и двомечот против Милан беа сосема доволни аргументи за во Звезда бидат задоволни од она што го работи Станковиќ.

„Дејан Станковиќ Црвена Звезда ја водеше на 63 натпревари и оствари учинок од 50 победи, девет нерешени и четири порази. Екипата во просек постигнуваше 2.56 голови впо натпревар. Срушени се бројни рекорди, поставени се низи за кои ќе биде потребно долго време да се срушат. Покажа Станковиќ дека тренер е онаков каков и што беше фудбалер“, напиша Звезда во официјалното соопшѓтение.

Претходно италијанските медиуми го поврзуваа со можен ангажман во Сампдорија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Против Шкендија отворена постапка по шест точки: Соопштението е навреда за здравиот разум!

Дисциплинската комисија на Фудбалска федерација на Македонија, по разгледување на службени…