Дома Фудбал Лига на шампиони Циркус во Париз: Челниците на ПСЖ и Реал на сред ручек се испокарале за Мбапе!

Циркус во Париз: Челниците на ПСЖ и Реал на сред ручек се испокарале за Мбапе!

Челниците на двата гиганти ПСЖ и Реал Мадрид одржале традицонален ручек пред вечерашната пресметка во Лигата на шампионите, но вечерата се претворила во скандал и тоа поради Килијан Мбапе.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Ручекот требало да се одржи вчера, но бил одложен за денес попладне. Истиот се одржал во елитен ресторан во Париз на барање на првиот човек на „кралевите“. На маса седнале Флорентино Перез, Насер Ал Келаифи, Леонардо, Анхел Санчез и Емилио Бутрагењо.

Се било во мирна и релаксирана атмосфера додека не започнала темата за иднината на Мбапе, тука настанала жестока расправија. Иницијатор на кавгата како што се наведува во француските медиуми бил Леонардо кој го обвинил Перез дека го притискаат Мбапе иако немале право за такво нешто.

Перез се обидувал да ја смири ситуација и ги негирал обвинувањата. Покрај нив двајца со по некое дофрлување учествувале и останатите. Инаку, работата на Мбапе во ПСЖ не е сигурна и тој би можел да си замина на крајот од сезоната.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Од вечерва кариерата на Ансу Фати доби сосема друга димензија!

Ансу Фати по 14 години повеќе не е играч на Барселона. Монако го купи неговиот договор за …