Дома Останати Ракомет Циндриќ против нас не одигра ниту минута, сега откри и зошто не влегол во игра

Циндриќ против нас не одигра ниту минута, сега откри и зошто не влегол во игра

Хрватска вчера ја победи Македонија со убедливи 31:22.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Резултатот не е вистинска слика на она што се случуваше на теренот, предноста Хрватите ја направија во последните десетина минути кога нашата игра се распадна.

Сепак, чудно беше што Лука Циндриќ не помина ниту една минута на теренот. Медиумите во Хрватска се прашуваа дали можеби постои одреден проблем на релација Червар – Циндриќ.

После натпреварот за хрватските медиуми се огласи самиот Циндриќ.

„Дувњак и Карачиќ одиграа фантастично. Јас имав мал проблем со повреда, па се договорив со селекторот овој натпревар да го поминам на клупата. Ако имаше потреба ќе играв, но сите беа фантастични па немаше потреба од ризик. Им честитам на моите соиграчи за одличната игра против Македонија“, изјави Циндриќ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Ракомет

Проверете

Чупиќ е во борба за тренер на сезоната во Лига Европа!

Хрватскиот стратег Иван Чупиќ има можност на одличен начин да ја заокружи својата дебитант…