Дома Трансфер зона Хумелс призна: Бев на чекор до Манчестер Јунајтед!

Хумелс призна: Бев на чекор до Манчестер Јунајтед!

Германскиот репрезентативец Матс Хумелс призна дека во текот на летото на 2014 година бил блиску до трансфер во Манчестер Јунајтед.

Капитенот на Борусија Дортмунд ова лето премина во редовите на Баерн Минхен, а сега призна дека баварскиот клуб бил втора опција бидејќи бил блиску до преселба на „Олд Трафорд“.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Морам да признаам дека бев многу блиску до трансфер во Манчестер Јунајтед, могу блиску. Преговаравме долго време, а имав и многу понуди од Шпанија и Италија. Иако и самиот мислев дека ќе одам на „Олд Трафорд“, на крајот не се случи тоа. Сфатив дека ќе ми биде тешко да се навикнам на фудбалот во Англија и одлучив да останам во лигата која што најдобро ја познавам“, изјави Хумелс.

28-годишниот дефанзивец истакна дека му било жал што заминува од Борусија Дортмунд, но сакал да направи чекор напред во кариерата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ништо од трансфер во Вест Хем, Мазрауи се сели на „Олд Трафорд“

Трансферот на Нусаир Мазрауи од Баерн Минхен во Вест Хем е на работ да пропадне, откако во…