Дома Останати Ракомет Хрвоје Хорват е наследникот на Червар на клупата на Хрватска

Хрвоје Хорват е наследникот на Червар на клупата на Хрватска

Хрвоје Хорват е нов селектор на ракометната репрезентација на Србија, потврдија од Хрватскиот ракометен сојуз.

ХРС ја прифати оставката на Лино Червар кој на управниот одбор предложил три свои кандидати: Хрвоје Хорват, Ивано Балиќ и Славко Голужа. Червар дека заминува објави после поразот од Аргентина на СП во Египет.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


„После направена детална анализа на секој од понудените кандидатите, утврдено е дека Ивано Балиќ ја нема потребната диплома за извршување на селекторската функција. Од двата преостанати кандидати со повеќе гласови беше донесена одлука Хрвоје Хорват да биде новиот селектор на машката сениорската репрезентација“, соопштија од ракометниот сојуз на Хрватска.

Хорват на последните три големи натпреварувања му беше помошник на Лино Червар и добр ги познава играчите. Червар за него има исклучително високо мислење.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Ракомет

Проверете

Одржан состанок: Македонија ќе игра во регионална лига со Србија и Црна Гора – почнува од септември!

Претставници на ракометните федерации на Србија, Македонија и Црна Гора одржаа заеднички с…