Дома Останати Тенис Хрват го освои Вимблдон, па јавно го повика Перишиќ во Хајдук 🎥

Хрват го освои Вимблдон, па јавно го повика Перишиќ во Хајдук 🎥

Хрватскиот тенисер Мате Павиќ ја освои титулата на Вимблдон во конкуренција на микс-двојки, а моментот на слава го искористи да го повика Иван Перишиќ да се врати во Хајдук.

Павиќ заедно со Људмила Киченок од Чешка беше најдобар во микс-двојки, додека од трибините неговиот меч го гледаше Перишиќ.

На крајот од изјавата по освојувањето на трофејот, Павиќ му порача на Перишиќ дека е време да се врати во Хајдук.

„Би сакал да кажам уште една работа на хрватски. Иване, време е“, гласеше пораката на Павиќ.

Перишиќ на неговите зборови само се насмевна, а конечната одлука би требало да ја донесе наскоро. Во овој момент, Перишиќ е фудбалер на Тотенхем, меѓутоа се повеќе се зборува за враќање во Хајдук каде што ги помина јуниорскиот денови.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Тежок пат за Ѓоковиќ на Мастерсот во Шангај

Новак Ѓоковиќ се подготвува за предизвиците на Мастерсот во Шангај, каде што го чекаат сер…