Атлетико Мадрид верува во Шиме Врсаљко, па хрватскиот десен бек потпиша нов договор до јуни 2022. година.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Врсаљко во Атлетико пристигна летото 2016. година од италијански Сасуоло, а претходно се афирмираше во загребски Динамо.
„Многу сум среќен бидејќи тука созреав како играч. Убаво ми е во Атлетико, а единствено за што размислувам е како да напредувам од ден во ден“, истакна тој за клупскиот сајт.
Хрватскиот фудбалер досега за Атлетико одигра 39 натпревари, а постигна и еден погодок.