Дома Фудбал Англија Хоџсон додека бил тренер на Ливерпул продал играч по грешка!

Хоџсон додека бил тренер на Ливерпул продал играч по грешка!

0

Во главна улога е Рој Хоџсон!

Големото тренерско име од Островот, Рој Хоџсон има голема кариера зад себе, 71 годишниот тренер водеше тимови како Интер, Ливерпул, репрезентацијата на Англија, додека сега го предводи Кристал Палас.

Во Ливерпул не помина многу време, а во текот на својот едногодишен престој успеал верувале или случајно да продаде играч!

Станува збор за шведскиот играч Александар Качаниклич кој во тој период беше дел од младинскиот тим на „црвените“.

„Во својата глава Рој ме помешал мене со некој друг Алекс кој сакал да го замени за Кончески од Фулам. Така јас веќе се договорив со Фулам. Кога Хоџсон забележи дека направил грешка ме повика на разговор“.

„Ми кажа дека сум добредојден во Ливерпул, но јас одлучив да продолжам кон Фулам. Веќе имав донесено одлука, Рој не не гледаше премногу нас младите играчи и така си заминав“, изјави „погрешниот“ Алекс.

Рој Хоџсон набрзо го напушти кормилото на славниот англиски клуб после серијата лоши резултати во јануари 2011 година, на негово место дојде легендарниот Кени Даглиш.

Кога станува збор за Качаниклич тој се врати во својата земја и оваа година го носи дресот на Хамарби. Кој знае да не погрешел Хоџсон можеби неговата кариера ќе имала поинаков тек и развој.

Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Лидс му понуди на Тоти да се врати од пензија и да заигра за нив

Лидс Јунајтед минатата недела потврди дека сака да го доведе искусниот голман Буфон чиј до…