Капитенот и легендата на ППД Загреб, Златко Хорват (35) ја изненади ракометната јавност со одлуката кариерата да ја продолжи во Автокоманда во редовите на Металург.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Долги 25 години беше во клубот, ги помина сите младински категории на загребскиот клуб. Сепак сега се одлучи за нешто ново.
„Беше тешко да се донесе ваква одлука. Преговарав со Загреб, но се појави короната. Паднаа финансиите и сакав да пробам нешто ново. Дојде понудата од Македонија и ми се допадна нивниот проект. Потпишав договор на една година“, изјави Хорват за „24сата.хр“.
Од одлуката на Хорват да потпише за Металург беше изненаден и Лино Червар, неговата изјава можете да ја прочитате – тука.