Дома Фудбал Холандија одигра пријателски натпревар пред осминафиналето и победи 6:1

Холандија одигра пријателски натпревар пред осминафиналето и победи 6:1

Фудбалската репрезентација на Холандија се пласираше во нокаут фазата на Европското првенство во Германија каде за противник ќе ја има Романија.

По разочарувањето во последното коло од групната фаза, каде беа поразени од Австрија со резултат 3:2, Роналд Куман oдлучи неговата репрезентација да одигра пријателски натпревар.

Нивно противник беше четвртолигашот од германскиот фудбал, ТСВ Хавелсе, а Холанѓаните победија со резултат 6:1 и така ја подобрија самодеварбата пред пресметката во нокаут фазата.

Стрелци за Холандија беа Ваут Вегхорст и Мики Ван де Вен кои постигнаа по два гола и Брајан Броби и Џереми Фримпонг кои погодија по еднаш.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Јунајтед и Челси тргнале по Батурина, Комо поставил скапа пречка

Англиските медиуми тврдат дека двата клуба веќе контактирале со Комо, но процените за вред…