Дома Фудбал Останато Хит ситуација: Како Алиоски научил екс-соиграч да се лекува со кромид…

Хит ситуација: Како Алиоски научил екс-соиграч да се лекува со кромид…

Патрик Бамфорд беше соиграч со македонскиот напаѓач Езгјан Алиоски во Лидс, а во неговото последно интервју за англиските медиуми откри како македонскиот репрезентативец го научил на метод да се справува со повредите.

Алиоски поради добрите настапи на теренот, но и својот карактер беше омилен во Лидс помеѓу сиграчите додека овој тим беше предводен од Марсело Биелса.


Како е да се биде професионален Counter-Strike играч! ↓↓↓


Сега Бамфорд откри како од Алисоки научил да користи кромид при одредени повреди.

„Се сеќавате на Алиоски? Тој беше навистина интересен лик, тоа е фудбалер кој секој сака да го има во својот тим, а ако игра против вас ќе го мразите. Искрено, многу е интересен и прави добра атмосфера во соблекувалната“, започна Бамфорд за Алиоски, за потоа да појасни како дознал методот со кромидот.

„Еден ден се појави во собата на физиотерапевтите со чуден мирс. Не знаевме за што станува збор. Кога ги соблече тренерките видовме дека има ставено кромид на повреденото место. Најинтересно е што тоа му функционираше и беше подобар“, откри напаѓачот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Избрани најдобрите во Серија А за изминатиот месец

Фудбалерот на Наполи, Грузиецот, Квича Кварацхелија е прогласен за најдобар фудбалер во ит…