Дома Видео Хит видео: Погледнете каде заврши овој навивач со својот автомобил

Хит видео: Погледнете каде заврши овој навивач со својот автомобил

Крузеиро го победи Ботафого со 3:2 во првото коло од бразилскиот шампионат. Иако во возбудливите 90 минути во Бело Хоризонте беа постигнати пет гола, вниманието го привлече и бизарната ситуација која се случи по последниот судиски свиреж.

Бразилскиот „Глобо“ објави фотографии и видео од автомобилот на навивач на Крузеиро, кој додека си одел дома со сопругата и синот, случајно со автомобилот од паркингот излетал на пешачките скали.

Последно коло - кој шампион, кој во ЛШ, кој со награди на Fantasy!? ↓↓↓


Возачот за бразилските медиуми изјавил дека го видел знакот за излез од паркингот и автоматски се свртел. Застанал кога сфати каде се наоѓа. Пожарникарите пристигнале на лице место и го извлекле автомобилот. За среќа, никој не бил повреден.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Видео

Проверете

Погледнете како Рудигер ја исмејуваше Барселона по шокантниот пораз

Барселона загуби на својот „Монжуик“ од Леганес со резултат 1:0 во 17. коло на Ла Лига. Та…