Maнчестер Сити денес славеше убедлива победа против Барнли во рамките од 10. коло во Премиер лигата.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Убедливата победа на „граѓаните“ беше најавена уште во првото полувреме во кое постигнаа три гола. Два гола постигна Марез и еден Менди. Марез го отвори резултатот уште во 6. минута, а во 22. зголеми на 2:0. Менди пред крајот на полувремето погоди за 3:0.
После нешто повеќе од еден час Торес го постигна четвртиот гол, а само две минути подоцна Марез со хет-трик ги постави конечните 5:0. На 15 минути до крајот на мечот Сити постигна уште еден гол, но тој беше поништен поради офсајд.
Со овој триумф Сити дојде до 8. позиција на табелата после девет одиграни натпревари.