Дома Фудбал Хет-трикот на Мертенс беше за историја, нешто слично му успеало само на Синиша Михајловиќ

Хет-трикот на Мертенс беше за историја, нешто слично му успеало само на Синиша Михајловиќ

Напаѓачот на Наполи во петокот одигра фантастичен натпревар поритв Емполи.

Славеа Наполитанците против Емполи со 5:1, а топката дома ја однесе одличниот Белгиец, Дрис Мертенс.

Поранешниот напаѓач на ПСВ беше најзаслужниот за овој сигурен триумф.

На Твитер профилот на Наполи се појави еден интересен податок. Според нивните информации Мертенес е првиот играч кој постигнал три погодоци на еден натпревар, а сите три да бидат постигнати со удар надво од шеснаесетникот.

Нешто слично во минатото направи Синиша Михајловиќ кој постигна хет-трик од слободни удар, но овој хет-трик на Мертенс е поинаков бидејќи сите голови на Белгиецот беа постигнати од игра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Манчини повика 31 фудбалер: Нови лица во Италија за Франција и Белгија

Чисе, Лонтани и Касано се меѓу фудбалерите што чекаат деби за Италија. Палестра се враќа, …