Напаѓачот на Реал Мадрид, Хоселу беше херојот на вчерашниот пласман на овој клуб во новото финале од Лигата на шампионите.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Хоселу доби шанса од клупата во 81. минута кога го замени Феде Валверде. Со головите во 88. и првата минута од судиското надополнување, Шпанецот го однесе својот клуб на „Вембли“, каде што ги чека Борусија Дортмунд.
Покрај тоа што е апсолутен херој за навивачите на Реал, според најавите, Хоселу треба да добие и награда во вид на откуп на неговиот договор. Тој е на позајмица од Еспањол до крајот на сезоната и како опција од клупата се покажа како одличен избор за Карло Анчелоти.
Реал планира да го награди со договор до 2025 година и Хоселу сигурно би бил пресреќен да помине уште една година во клубот за кој и навива. Сезонава беше тој беше стрелец на 16 голови во сите натпреварувања.