Дома Фудбал Херојот на Португалија против Словенија сруши два рекорди

Херојот на Португалија против Словенија сруши два рекорди

Голманот на Португалија, Диого Кошта со неверојатниот настап во пенал серијата ја одведе Португалија во четвртфиналето на Европското првенство.

Кошта прво одбрани една голема прилика кога Шешко излезе „еден на еден“ против него, а потоа во пенал серијата ги одбрани првите три удари Словенците и така ги елиминираше.

Сосема очекувано тој беше прогласен за играч на мечот. Но, исто така Кошта сруши и два рекорди. Португалецот стана прв голман со одбранети три пенали во серија на Европското првенство и прв голман кој не примил гол во пенал серија на ЕП.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Македонија во Глазгов против одбрана со повратник: Портеус на местото на Велш

Повредата на Стивен Велш ја принуди Шкотска да повика замена за ноемвриските натпревари. Р…