Дома Фудбал Англија Хари Кејн прими одлични вести

Хари Кејн прими одлични вести

Напаѓачот на Тотенхем, Хари Кејн прими одлични вести. Откако се појави информација дека можно е да добие три натпревари суспензија после дуелот со Аспиликуета, но сега доби информација дека од тоа нема да има ништо.

Имено, главниот судија на натпреварот Андре Маринер ги информирал ФА дека бил на само неколку метри од инцидентот, дека видел што се случило и одлучил да не покаже ништо, мислејќи дека не било за картон.

Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓


Токму поради тоа ФА одлучи да не покрене постапка против Кејн кој ќе може да игра викендов кога неговиот Тотенхем ќе се сретне против градскиот ривал Арсенал.

Ова секако се одлични вести за Тотенхем, кој без Кејн е сосема друга екипа.

Инаку, тимот на Покетино беше поразен од Челси со 2:0, со што остана скоро без шанси за титулата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Јувентус го сака Санчо, но испратил понижувачка понуда

Санчо наводно се договори со Јувентус, но клубовите уште не го постигнале потребниот догов…