Дома Кошарка Харден не можел да поверува: Мислев дека семафорот не е во ред

Харден не можел да поверува: Мислев дека семафорот не е во ред

Џејмс Харден неодамна успеа да уфрли 48 поени, ан еговиот Хјустон постигна 142 поени во победата над Феникс.

Хјустон славеше со 142:116, а на полувремето овој тим постигна 90 поени, што е ретко видено во Америка каде што четвртините траат по 12 минути.

Последен пат кога една екипа постигнала 90 и повеќе поение беше во 1991 година, а и тогаш тоа го направија кошаркарите на Хјустон. Харден во овој натпревар успеа да постигне неверојатни 48 поени.

„Мислев дека е некоја грешка со поените, дека семафорот не е во ред“, изјави Харден кој не можел да поверува дека неговиот тим постигнал 90 поени за едно полувреме.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Митрева верува во оваа Македонија: Заедништвото е наш адут против Естонија

Кошаркарките во сабота од 18 часот ја пречекуваат Естонија во Штип, а Тијана Митрева ја из…