Дома Фудбал „Хаос, траума и депресија – таква е ситуацијата во Динамо во овој момент“

„Хаос, траума и депресија – таква е ситуацијата во Динамо во овој момент“

Aтмосферата во Динамо Загреб не е добра, по поразот од Хајдук во првенството, тимот беше декласиран со неверојатни 9:2 од Баерн Минхен во Лигата на шампионите.

Колку е лоша ситуацијата во Динамо сега се обиде да опише поранешниот хрватски фудбалер Илија Лончаревиќ.

Лончаревиќ искажа и поддршка за тренерот Јакировиќ кој доби отказ по лошите резултати.

„За еден тренер ова е трауматично искуство, но за Јакировиќ е подобро што замина. Ова е ситуација од која тешко може да се излезе со задоволство на двете страни“,

„Тешко е да се изберат вистински кандидати. Ќе го поддржам секој кој ќе биде поставен. Но, на Динамо сега му е потребна цврста рака бидејќи екипата е во хаос. Во овој момент владее траума и депресија“, изјави Лончаревиќ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Галијани против Малаго: Потврдена трката за врвот на италијанскиот фудбал

ФИГЦ ги прифати двете кандидатури за изборите на 14 декември. Малаго влегува со поддршка о…