Дома Фудбал Останато „Халанд ќе биде првиот фудбалер кој ќе се продаде за милијарда евра“

„Халанд ќе биде првиот фудбалер кој ќе се продаде за милијарда евра“

Агентката на Ерлинг Халанд, Рафаел Пимента даде храбра изјава во која најавува голема трансфер на Норвежанецот во иднина.

Пимента која го наследи Мино Раиола порача дека Халанд ќе биде првиот фудбалер кој ќе се продаде за милијарда евра.


Ќе игра ли Елмас против Баерн Минхен!? ↓↓↓


За кариерата на Халанд откако Раиола почина се грижи Пимента, а во интервјуто за познатиот Џанлука Ди Марцио даде храбра изјава.

„Ерлинг ќе биде првиот фудбалер кој ќе се продаде за милијарда евра. Неговата фудбалска вредност, имиџ вредноста, спонзорската вредност и неговото влијаение на пазарот ќе го направат своето“, смета Пимента.

Во интервјуто таа не ја отфрли можноста и Реал Мадрид да биде следниот клуб на Халанд. Дали навистина Халанд или некој друг може да направи трансфер вреден милијарда евра останува времето да покаже…Ќе потсетиме рекордот веќе подолго време го држи Нејмар со трансферот од Барселона во ПСЖ за 222 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Пиоли: Одиме да ја освоиме Лига Европа

Тренерот на Милан, Стефано Пиоли, вели дека неговите играчи и натаму се во трка да го осво…