Ерлинх Халанд е еден од главните теми за време на преодниот рок.
Во последниот натпревар против Фрајбург во победата од 5:1 Халанд постигна два гола, а по натпреварот откри дека има голем притисок од управата на клубот. Челниците на Борусија го притискале Халанд побрзо да донесе одлука и тоа не му се допаѓа на 21-годишниот напаѓач.




Екранизација, задоцнет развој, аутизам, инклузија – што треба да знаат родителите
„Во претходните шест месеци не сакав да зборувам за мојата иднина од почит кон клубот. Но, сега веќе почнаа да ме притискаат да донесам одлука. Мојата желба е да играм фудбал, но ме притискаат и тоа значи дека наскоро ќе одлучам. Молчев од почит кон навивачите и клубот, меѓутоа во ваква ситуација некои работи ќе мораат да се случат“, изјави Халанд.
За Борусија Дортмунд Халанд одигра 77 натпревари и постигна 78 голови.