Дома Фудбал Халанд импресионираше со својата џентлменска реакција по поразот во борбата за Златната топка

Халанд импресионираше со својата џентлменска реакција по поразот во борбата за Златната топка

ЛИОНЕЛ МЕСИ (36) по осми пат ја освои Златната топка. Тоа веќе не е наградата за најдобар фудбалер на годината, туку за претходната сезона.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Така, главни фаворити за освојување за 2022/23 беа Меси, кој ја предводеше Аргентина до титулата светски шампион и 13 години помладиот Ерлинг Халанд.

Тој, пак, со 52 гола го предводеше Манчестер Сити до тројната круна, вклучувајќи го и најважниот прв трофеј во Лигата на шампионите за Сити. На крајот Меси ја освои Златната топка, втор беше Халанд, додека трет Килијан Мбапе.

При примањето на наградата, Меси им се поклони на своите млади конкуренти: „Ерлинг и Килијан се два конкурентни ѕверови. Тие се иднината и тоа го заслужуваат“.

Меси конкретно му се обрати на Норвежанецот: “Како што реков, тој исто така навистина ја заслужи Златната топка. Ерлинг ги освои Премиерлигата и Лигата на Шампионите и беше најдобар стрелец. Оваа награда можеше да биде твоја вечерва. Јас сум сигурен ќе ја освојуваш во наредните години“.

Сепак, многу фудбалски фанови, новинари и легенди се убедени дека Халанд требало да ја добие оваа Златна топка. Поточно, дека Меси незаслужено ја доби, а Халанд беше оштетен.

Сепак, генијалниот норвешки голгетер на џентлменски начин се справи со поразот. Неговата реакција се чекаше долго. 24 часа по церемонијата во Париз, тој објави фотографија од Меси со Златната топка и му честиташе на шпански.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Поради Светското првенство стана хит на Инстаграм, а сега направи трансфер на кариерата!

Новозеландскиот фудбалер Тим Пејн, кој стекна голема популарност откако еден аргентински и…