Каи Хаверц призна дека имал проблеми со адаптацијата во Челзи, откако минатото лето пристигна како големо засилување.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
21-годишниот Германец пристигна на „Стенфорд Бриџ“ за 71 милион евра, па очекувањата беа големи, но тој не ја започна добро сезоната.
„Беше многу тешка сезона за мене. Знам дека работите не се развиваат како што треба, но тоа е нормално кога одиш во друга лига. Потребно е половина година и повеќе за да се адаптираш“, изјави Германецот.
„Во моментов работите се одвиваат добро и не сакам да мислам за негативните моменти од минатото. Позитивно сум расположен и се надевам така да биде до крајот на сезоната“, додаде Хаверц.