Дома Фудбал ФФП е комичен: Еве како Интер ја измамил УЕФА за случајот „Шаќири“

ФФП е комичен: Еве како Интер ја измамил УЕФА за случајот „Шаќири“

За „дупките“ во ФФП се пишуваше и кога беше воведен, но она што Интер го направил во трансферот на Шаќири е навистина смешно.

„Фудбал Ликс“ продолжува со откритијата поврзани за трансферите и изигувањето на ФФП, сега на ред дојде и Интер.

Во прашање е трансферот на Џердан Шаќири кој кратко се задржа во Серија А, а еве како Италијаните го избегнале ФФП.

Имено, Интер поради правилата не бил во можност да вложи 15 милиони евра за Шаќири во јануари, но сепак успеале да пронајдат „дупка“.

Тие се договориле со Баерн позајмицата да биде бесплатна, што е нелогично, но Барците се согласиле, а условот бил Шаќири да одигра само една минута, без разлика дали е пријателски или официјален натпревар.

Јасно е за што се работи, а за дополнително да бидат осигурани, додадена е и клазула да мораат да го откупат, ако на крајот на сезоната не испаднат од лигата.

Така било невозможно да не го платат Швајцарецот од кои беа незадоволни. Сепак на крајот и добро поминаа, откако го откупија од Баерн го продадоа на Стоук истото лето, па и заработија неколку милиони.

Ваквите „дупки“ навистина прават ФФП да изгледа смешно.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Шампионски спомен за Алими: македонскиот дрес на патиките од Далиан

Исник Алими ја прославува титулата во Кина со посебен подарок, на кој место добија и макед…