Дома Македонски спорт Мак фудбал ФФМ и Косово заеднички повикуваат на спортска култура и почит

ФФМ и Косово заеднички повикуваат на спортска култура и почит

Претседателот на Фудбалската федерација на Македонија, Муамед Сејдини во „Куќа на фудбалот“ имаше работен состанок со амбасадорот на Косово во нашата држава, Ѓерѓ Дедај

Сејдини и Дедај разговараа за организацијата на претстојниот натпревар на 26. март во рамките од полуфиналето во Лигата на Нации кој ќе се игра во Скопје.

-Ние како Фудбалска федерација на Македонија сме во постојани контакти со федерацијата на Косово и драго ми е што и на ова ниво имаме можност да разговараме за натпреварот кои ни следува во март. Како федерација ги преземаме сите мерки за успешна организација на значајниот натпревар, во постојани контакти сме со нашето Министерство за внатрешни работи и со одделот на УЕФА за интегритет и безбедност. Сите треба да дадат свои придонес за да помине се како што доликува и да се зборува само за фудбалерите и нивната игра на теренот. Во најскоро време ќе ги соопштиме и сите детали околу влезниците и начинот на продажба и распределба, но секако ќе се придржуваме до правилата на УЕФА. Јас се надевам дека и навивачите на двете репрезентации својот придонес ќе го дадат единствено преку фер и коректно однесување и навивање бидејќи само на тој начин репрезентациите ќе имаат корист. Верувам дека по 26. март ќе зборуваме само за нашиот финален натпревар за пласман на ЕВРО 2020, изјави Сејдини за сајтот на ФФМ.

Подготвеност за заедничка организација истакна и Дедај.

-Наша заложба е заеднички да го организираме овој натпревар, секој од нас да даде придонес за еден фудбалски спектакл. Се надевам дека сме подготвени и нема да дозволиме поединци или групи да ја искористат оваа можност за било какви проблеми. Треба да покажеме голема спортска култура, меѓусебна почит и да докажеме дека можеме да бидеме вистински протагонисти на еден фудбалски спектакл на кој на победникот ќе му се честита и посака пласман на ЕВРО 2020, изјави Ѓерѓ Дедај.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Кадино не се откажува: Со големи промени ќе „брка“ опстанок!

Тимот на Кадино оваа сезона се избори за настап во втората лига, меѓутоа тука на овој тим …