Македонската репрезентација вечерва во Порто го играат историскиот натпревар против Португалија за пласман на Светско првенство.




Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Фудбалерите ќе имаат дополнителен мотив на овој меч, откако Федерацијата вети дека за пласман на мундијалот ќе одвои 4,5 милиони евра премија за играчите.




Од ФФМ, сметаат дека со оваа награда ќе ги мотивираат фудбалерите да постигнат историски резултат и за прв пат во историјата на фудбалот во Македонија, да бидат меѓу учесниците на Светското Првенство во Катар.




Премиерот на Македонија, Димитар Ковачевски, пред заминувањето во Порто вети премија од 500 илјади евра, во случај Македонија да избори пласман на Мундијалот.
Фото: ФФМ