Дома Фудбал Англија Фудбалер на Вест Хем доби посебна мотивација за натпреварот со Сити – бесплатно кафе до крајот на животот!

Фудбалер на Вест Хем доби посебна мотивација за натпреварот со Сити – бесплатно кафе до крајот на животот!

Викендов се игра последното коло во Премиер лигата, а во него со шанси за титулата влегуваат Арсенал и Манчестер Сити.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Манчестер Сити има два бода повеќе од Арсенал, но во случај на ист број на бодови Арсенал би бил прв, па така на избраниците на Артета им одговара и реми на Сити. Секако, тие би морале да слават против Евертон.

Посебна мотивација пред овој натпревар доби дефанзивецот на Вест Хем, Владимир Куфал. Имено, неговиот пријател кој е навивач на Арсенал и има кафуле, му ветил бесплатно кафе до крајот на животот ако останат непоразени во недела.

Сити е фаворит против Вест Хем, но останува да видиме дали можеби ќе гледаме драматична завршница на сезоната во најсилната англиска конкуренција.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Вака Винисиус ги провоцираше навивачите на Ноу Камп додека Барса го освојуваше трофејот

БРАЗИЛСКИОТ фудбалер Винисиус Жуниор повторно стана центар на внимание од страна на навива…