Фудбалерот од редовите на струмичка Брера, Мато со добрите настапи си обезбеди повик во репрезентацијата на Уганда.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Младиот страничен напаѓач во Брера дојде во јануарскиот преоден рок и брзо стана еден од поважите фудбалери.
„Нашиот Мато кој игра на крилната напаѓачка позиција , повторно е повикан за настап за Уганда – неговата матична фудбалската репрезентација.
Мато досега за својата национална селекција има 23 настапи при што има запишано една асистенција и два гол“, објави Брера.