Дома Фудбал Фудбалер имаше сообраќајна несреќа – може да му биде ампутирана раката

Фудбалер имаше сообраќајна несреќа – може да му биде ампутирана раката

Фудбалерот на француски Дижон и алжирски репрезентативец Јасин Бенжи доживеа сообраќајна нереќа во која е тешко повреден.

Фудбалерот возел цип низ пустина и во таа прилика сериозно ја повредил раката. Првите информации од Франција говорат дека повредите се многу тешки и му прети ампутација на раката.

„Бенжи е опрериран, засега нема никакви прогнози. Чекаме да видиме што ќе се случи“, изјави претседателот на Дижон.

Фудбалерот беше млад репрезентативец на Франција, а потоа одлучи да игра за репрезентацијата на Алжир.

Во кариерата играше за Лион, Лил. Фенербахче и Олимпијакос, пред во јануари да се пресели во Дижон.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Шведска преживеа драма за елитата, Данска ја порази Португалија без Роналдо

Швеѓаните победија со 3-2 и покрај налетот на БиХ во второто полувреме. Австрија исто така…