Дома Фудбал Италија Фудбалерот на Јувентус искрен: Не сум среќен во Торино, но…

Фудбалерот на Јувентус искрен: Не сум среќен во Торино, но…

Играчот за врска на Јувентус, Емре Џан не е среќен во редовите на Јувентус.

Со доаѓањето на Сари на клупата на „Старата дама“, Џан одигра само 78 минути и тоа воопшто не го задоволува.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


„Не сум среќен во моментов. Не играм многу за разлика од минатата сезона, кога играв многу, особено во важните натпревари. Не добив шанса оваа сезона, но сакам да играм што повеќе“, изјави Џан.

Тој е благодарен на селекторот Лев што го повикал.

„Се разбира благодарен сум за повикот. Не играм премногу, а тој ме повикува. Среќен сум поради тоа“, додаде Џан.

Џан пред Јувентус играше за Ливерпул, Баерн Леверкузен, а кариерата ја започна во Баерн.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Jувентус добива нов спортски директор!

Досегашниот спортски директор на Џенова, Марко Отолини (45), е на пат да ја преземе истата…