Герет Саутгејт денес откри дека еден од фудбалерите го одбил неговиот повик во националниот тим.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Се работи за фудбалерот на Челзи, Дени Дринквотер, играчот од заден везен ред, кој на почетокот на оваа сезона замина од Лестер.
Тој беше повреден, дури на 25. октомври заигра за првпат за Челзи оваа сезона, а во мечот против Манчестер Јунајтед доживеа нова повреда која не е сериозна.
Поради фактот дека не играше многу оваа сезона, тој сметаше дека некој друг треба да ја покрие неговата позиција на списокот.
„Разговарав со Дани на почетокот на оваа недела, истакна дека не е доволно подготвен да игра за репрезентацијата“, истакна Саутгејт, селекторот на „Гордиот Албион“.