Дома Фудбал Останато Фудбалерот на ЦСКА Софија кој постигнал гол против Македонија Ѓ.П добил суспензија од четири години

Фудбалерот на ЦСКА Софија кој постигнал гол против Македонија Ѓ.П добил суспензија од четири години

Според информациите блиски на бугарскиот клуб, ЦСКА Софија Европската куќа на фудбалот на УЕФА го казнила фудбалерот Георги Јомов со суспензија од четири години.


Германија пред елиминација!? - 8 ден ↓↓↓



Крилиниот фудбалер беше суспендиран на 25. август кога УЕФА по направените тестови открила дека е позитивен на дехидрохлометилтестостерон. Станува збор за недозволена супстанца која е повлечена од продажба уште во 90-тите години.

Супстанцата може да се купи само на црниот пазар, па затоа „не држат вода“ тврдењата на Јомов дека случајно ја внел. Фудбалерот беше тестиран на 28. јули после натпреварот против Македонија Ѓорче Петров во Софија на која Јомов и постигна гол за ЦСКА Софија.

Јомов има право на жалба, но како што стојат работите го чека долга суспензија. Зад себе тој има и 10 настапи за бугарската репрезентација.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Костарика ја шокира Јапонија🎥

ЕКСКЛУЗИВНО: 50 БЕСПЛАТНИ СПИНОВИ БЕЗ ДЕПОЗИТ - РЕГИСТРИРАЈ СЕ НА МОЦАРТ! Костарика приред…