Дома Фудбал Фудбалерот на Барселона не го крие незадоволството од пристигнувањето на Паулињо

Фудбалерот на Барселона не го крие незадоволството од пристигнувањето на Паулињо

Бразилскиот фудбалер, Паулињо својата кариера ќе ја продолжи во дресот на Барселона, и тоа ќе биде четвртото засилување за Каталонците ова лето.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Челниците на Барселона одлучија да платат 40 милиони евра за Паулињо кој во изминатите две сезони играше во Кина. Овој потег не ги воодушеви навивачите на Барселона кои сметаат дека Бразилецот ќе биде нов промашен трансфер од страна на политиката на челниците на клубот. Бразилецот би требало лекарските прегледи да ги направи во среда, а ден подоцна ќе биде претставен на „Ноу Камп“.

Но, се чини дека не се само навивачите тие кои не се израдуваа на неговиот трансфер на некогашниот играч на Тотенхем. Како што пишува каталонски Спорт, овој траансфер не го израдува ниту напаѓачот на Барселона, Луис Суарез. Уругваецот пред неколку години имаше жесток судир со Паулињо додека настапуваше за Ливерпул.

Имено, на дуелот помеѓу Ливерпул и Тотенхем, бразилскиот репрезентативец жестоко го го удри Суарез со него, поради што заработи црвен картон. Очигледно Суарез се уште не му го заборавил тој прекрпок и ќе биде интересно да се види повторната средба на некогашните ривали од Англија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Белгија му се потсмева на Трамп. Лукаку со потег на претседателот го одбележа голот

Белгија ги победи Соединетите Американски Држави со резултат 4:1 во најконтроверзниот натп…