Дома Фудбал Останато Французите се предомислија, Лига 1 сепак ќе се доигра?

Французите се предомислија, Лига 1 сепак ќе се доигра?

Бундеслигата се врати со голем успех после пандемијата, овој викенд ни се враќа Примера, а наскоро ќе продолжат и Серија А и Премиер лигата.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Француската лига е единствената од Топ 5 која одлучи предвреме да ја заврши сезоната уште во април месец, меѓутоа првиот човек на УЕФА изјави дека Лига 1 може да размисли за одлуката и сепак сезоната да се доигра на почетокот на август.

Французите веќе го прогласија ПСЖ за шампион, но клубови како Лион, Тулуз и Амиен покренаа процес на жалби поради донесената одлука. Лион со ваквата одлука остана без излез во Европа, а другите два клуба испаднаа од елитата.

Се смета дека после ваквите зборови на првиот човек на УЕФА челниците на Лига 1 сепак ќе размислат и ќе ја променат одлуката, па сезоната би можела да се доигра во август.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Суперѕвезда од Бразил со откупна клаузула од 80 милиони евра ја бара Карик во Манчестер Јунајтед

Меидумите пишуваат дека Манчестер Јунајтед е меѓу клубовите од Премиер лигата кои го следа…