Дома Фудбал Европско првенство во фудбал ЕУРО Франција прокоцка два гола предност и испадна на пенали, Мбапе трагичар🎥

Франција прокоцка два гола предност и испадна на пенали, Мбапе трагичар🎥

Швајцарија го приреди најголемото изненадување на ЕУРО и ја елиминираше Франција после изведувањето на пенали, откако во регуларниот дел беше 1:1.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Швајцарија имаше водство од 1:0 на полувремето и можност од пенал да ја зголеми предноста во 52-та минута, но Уго Лорис ја спаси Франција и го одбрани ударот на Рикардо Родригез.

По следните пет минути на сцена стапи Карим Бензема и со два гола направи комплетен пресврт. Погба со фантастичен гол во 75-та минута зголеми на 3:1 и се чинеше дека „триколорите“ сигурно ќе се пласираат во четвртфинале.

Швајцарија чудесно се врати во последните десет минути и со головите на Сеферовиќ и Гаврановиќ го однесе мечот во продолженија.

На крајот победникот го решаваја пеналите. Швајцарците беа прецизни од белата точка, додека кај Франција трагичар беше Мбапе.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Европско првенство во фудбал ЕУРО

Проверете

Кејн добро знаел што прави, откри како го надмудрил Ливаковиќ за пеналот

АНГЛИЈА триумфираше со 4:2 против Хрватска при отворањето на Светското првенство, а пресуд…