Дома Фудбал Останато „Франс Фудбал“ ги објави десетте натпревари кои на Модриќ му ја обезбедија „Златната топка“

„Франс Фудбал“ ги објави десетте натпревари кои на Модриќ му ја обезбедија „Златната топка“

0

Хрватскиот фудбалер Лука Модриќ вчера ја освои „Златната топка“ која ја доделува „Франс Фудбал“ и тоа третото големо признание за Лука Модриќ оваа година откако беше прогласуван за најдобар од страна на УЕФА и ФИФА.

„Франс Фудбал“ сега објави листа од десет натпревари во 2018 година кои имаа најголемо влијание за тој да ја освои наградата за најдобар играч оваа година.

Првиот издвоен натпревар е одигран на 3-ти февруари кога Реал одигра 2:2 против Леванте, иако Реал во тој натпревар киксираше, Модриќ беше најдобар на теренот.

Вториот натпревар одигран е 14-ти февруари во осминафиналето од Лигата на шампионите кога Реал славеше со 3:1 против ПСЖ.

Модриќ беше одличен во полуфиналните натпревари против Баерн Минхен на 25-ти април и 1-ви мај.

Играчот за врска на Реал во финалето против Ливерпул уште еднаш покажа за како играч се работи. Не погоди и не асистираше, но имаше големо влијание на играта. Покрај Бензема за таа средба доби најголема оценка токму од „Франс Фудбал“.

После настапите за Реал, француските медиуми ги издвоија неговите настапи за Хрватска на Светското првенство. Модриќ како капитен ја предводеше репрезентацијата до историското сребро.

„Франс Фудбал“ од Мундијалот во Русија на Модриќ му ги издвојува натпреварите против Аргентина, Русија, Англија и Франција.

Десеттио натпревар е одигран 19-ти септември во првото коло од Лигата на шампионите против Рома. Во овој натпревар Модриќ имаше 90% успешни додавања.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Нема ВАР? Никаков проблем – тука е мобилниот

Технологијата ВАР очекувано донесе револуција во светот на фудбалот. Интересни сцени ни пр…