Дома Фудбал ФОТО: Прогласен најдобриот играч оваа недела во Лигата на Шампионите

ФОТО: Прогласен најдобриот играч оваа недела во Лигата на Шампионите

Фудбалерите на Тотенхем успеаа да се пласираат во големото финале од Лигата на Шампионите за прв пат во својата историја.

Тоа Тотенхем го направи по неверојатниот пресврт во Амстердам и покрај два гола заостанување по првите 45 минути.

Тоа практично беше шоу на еден човек по име Лукас Моура кој со три гола сам ја одведе својата екипа на мегдан со Ливерпул.

Токму Бразилецот беше прогласен за најдобар играч во Лигата на Шампионите оваа недела, беше јасно дека никој не може да се сноси со учинокот на офанзивниот играч за врска кој го одигра натпреварот на кариерата.

 

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Седлоски со 26 фудбалери го отвора ноемврискиот финиш во Лигата на нации

Македонија денеска ги почнува подготовките за дуелите со Шкотска и Словенија. Во составот …