Дома Фудбал Останато Фото: Мурињо и неговите белешки – знаете ли што сега запишуваше Португалецот?

Фото: Мурињо и неговите белешки – знаете ли што сега запишуваше Португалецот?

Кога Немања Матиќ бегаше од Влијан со ливчето во рака кое го доби од Мурињо веројатно секој фудбалски фан се прашуваше што пишува на истото. Тогаш Матиќ одлучи да се пошегува на Инстаграм.

Во текот на натпреварот помеѓу Манчестер Јунајтед и Ливерпул (2:1) Мурињо како и често пати до сега запишуваше белешки, но никој секако не може да погоди што точно запишуваше.

Но, по овој потег на Португалецот на друштвените мрежи се појавија безброј шеги на сметка на Мурињо и неговите белешки.

Според некои Мурињо го црташе Рашфорд, додека според други Португалецот нацртал автобус…

Како и да е Мурињо го победи Клоп, Јунајтед запиша важна победа и сега може вниманието да го насочи кон реваншот против Севиља на „Олд Трафорд“ кој се игра во вторник во 20:45 часот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Меси ја шокираше фудбалската јавност и ја заврши кариерата

Лионел Меси одлучи да ја заврши репрезентативната кариера и повеќе нема да го носи дресот …