Новиот фудбалер на Барселона, Осман Дембеле, моментот кога потпиша за каталонскиот гигант привлече огромно внимание.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Освен што стана вториот најплатен фудбалер на сите времиња во трансферот вреден околу 140 милиони евра (со бонусите), Дембеле направи и еден интересен потег на својот Инстаграм профил.
Дембеле на оваа популарна друштвена мрежа веднаш започна да го следи своите нови соиграчи од Барселона, но го заследи и Фелипе Кутињо кој во последено време на големо се поврзува со каталонскиот гигант.
Кутињо е на чекор од Барселона, а сега вистинското прашање е дали Дембеле заедно со своите нови соиграчи знаат нешто повеќе од јавноста.
