Дома Фудбал Фото: Диего Коста веќе се слика со дресот на новиот клуб!

Фото: Диего Коста веќе се слика со дресот на новиот клуб!

Напаѓачот на Челзи Диего Коста уште еднаш јавно покажа каде сака да ја продолжи кариерата.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


28-годишниот напаѓач не отпатува со тимот на турнеја во Азија, исто како и Немања Матиќ, а на Инстаграм објави видео со дрес на Атлетико Мадрид.

Уште пред извесно време медиумите објавија дека Диего Коста сака да се врати во клубот каде играше од 2010 до 2014 година, но „јорганџиите“ сеуште немаат постигнато договор со англискиот шампион.

Коста има договор со Челзи до 2019 година, но Конте јасно му стави до знаење дека нема да смета на него, па напаѓачот сигурно ќе ја промени средината ова лето.

Атлетико поради казната од УЕФА не смее да регистрира нови фудбалери до јануари, но Коста е спремен да оди на позајмица во првиот дел од сезоната.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Германците тврдат дека зад кулисите на Светското првенство се подготвува голем скандал

Светското првенство наскоро би можело да се најде во центарот на еден од најголемите сканд…